Медиасет

(Видео) Ѓоковиќ објави видео со семејството и испрати моќна порака

Објавено на

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ објави видео со сопругата Јелена и децата на кое се гледа како тренираат заедно.

На атлетската патека Ѓоковиќ тренираше со семејството со трчање и скокање во далечина.

„Моќта на семејството како ниедна друга“, напиша Ѓоковиќ на Инстаграм во описот на видеото.

Ѓоковиќ се подготвува за претстојниот Мастерс во Монте Карло каде ќе настапува. Се уште не е познато кој ќе биде неговиот прв противник. Овој турнир вообичаено започнува на 7 април.

Неодамна Ѓоковиќ раскина со својот долгогодишен тренер Горан Иванишевиќ. Тој се уште не најде замена.

Ѓоковиќ се уште е без трофеј оваа сезона. Во полуфиналето на Австралија опен загуби од Јаник Синер, а потоа на Мастерсот во Индијан Велс загуби во третото коло од Лука Нарди. После тоа се повлече од Мастерсот во Мајами.

Трендинг

Exit mobile version