Медиасет
(Видео) Ѓоковиќ тренираше за време на невреме во Белград
Новак Ѓоковиќ по добивањето на наградата „Лауреус“ во Мадрид, за најдобар спортист на светот се врати во Белград, но во главниот град на Србија го пречека невреме и покрај тоа што успеа да го заврши тренингот.
Новак тренираше на Кошутњак во моментите кога Белград го зафати невреме (14.30 часот), но тоа беше повод најдобриот тенисер на планетата да се забавува на теренот.
Земал чадор и снимил урнебесно видео кое брзо се шири на социјалните мрежи.
Откако прослави добар удар, Новак го впери рекетот кон небото, а потоа на видеото се појави молња.
„Сакате моќ? За тоа треба да работите“, напиша Новак во описот на видеото.
Следен турнир на кој Србинот ќе игра е Мастерсот во Рим од 6 до 19 мај.