Медиасет

(Видео) Пејачот Ѓорѓе Давид кој смртно прегази жена снимен како поминува на црвeно: Сигурно возеше над 150 км на саат

Објавено на

Месец дена откако усмрти жена близу границата „Табановце“, Ѓорѓе Давид бил пратен од српските медиуми како го управува својот автомобил низ белградските улици. Тие објавија видео со наслов: „Ѓорѓе Давид грубо ги прекршува прописите по сообраќајната несреќа во која неодамна учествуваше“.

„Дојде до маркет за куќни миленици, нешто купуваше и продолжи натаму, и тоа со многу голема брзина“, се вели во прилогот.

Од снимките се гледа претекнување на автомобили од десна страна.

„Следниот ден, неговото агресивно возење ќе достигне ново ниво. За цело време вози далеку над дозволената брзина, па за жал и ние мораме да го правиме истото, за да покажеме колку е безобразен во сообраќај. Сигурно возеше над 150 км на саат. На црвено светло, прави недозволен маневар“, се додава во прилогот.

Трендинг

Exit mobile version