Познатиот хит на Татјана Матејаш Камерон, попозната како Тајчи, „Hajde da ludujemo ove noći“ со кој во 1990 година настапи на Евросонг и денес се пее.
Тајчи, заедно со нејзината помлада сестра Сања Матејаш, Алка Вуица, Тијана Дапчевиќ, Фрајле, сестрите Ивана Хусар Млинац и Марија Хусар Римац, Доменика Жувела, Миа Димшиќ како и познатата американска блогерка Кристина Кузмиќ, заедно ја снимија новата верзија на песната.
Таа за потребите на спотот пред самиот крај го облече и добро познатиот мини фустан во кој настапуваше.
