Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) По „Бела“, нов успех за Лара Иванова: „Доминантен“ е најслушаната песна на „Макфест“

media-library4mljqj55me50bdqwaoF

Втората фестивалска вечер на 41. издание на фестивалот „Макфест“ се одржа вчера, а признанието за најслушана песна од минатогодишното издание ѝ припадна на пејачката Лара Иванова.

Таа беше наградена за песната „Доминантен“, која, според слушаноста во периодот од одржувањето на минатогодишниот фестивал до денес, се најде на првото место.

За Лара ова е вторпат да добие вакво признание на „Макфест“. Во 2022 година, таа заедно со Пајак беше наградена за песната „Бела“.

Автори на музиката за „Доминантен“ се Лара Иванова и Андреј Николов, додека текстот е дело на Андреј Поповски и Робин Зимбаков. За аранжманот, миксот и мастерингот се погрижи Андреј Николов.

Лара Иванова е едно од препознатливите имиња на помладата македонска музичка сцена, а со ова признание уште еднаш го потврдува успехот на својата музика пред пошироката публика.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Сцена

Сите →
media-libraryfaul4q1n9djoaUewPKb

Покрената петиција за откажување на настапот на Јаков Јозиновиќ во Сплит по концертите во Ниш и Нови Сад

пред 6 часа
media-libraryiel13u9qn44b5PMTzid

Хакерски напади низ Европа: украдени 100 милиони евра, парализирани болници и банки

пред 6 часа
darko-dimitrov ВИДЕО

(Видео) „Од осмо одделение имав фирма за компјутери“ – Дарко Димитров за почетоците пред музиката

пред 7 часа
media-librarydi38upvdqccleEeby1u

„Ќе ти се врати како бумеранг“: Карлеуша ја прозва Северина поради петицијата во Тузла

пред 7 часа
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања