Медиасет
(Видео) По Етна, еруптираше вулкан и на друг италијански остров. Подигнато нивото на степенот на опасност
Вулканската активност на јужниот италијански остров Стромболи ги натера властите вчера да го подигнат нивото на опасност од портокалово на црвено, што е највисоко ниво.
Жителите се повикани да ги следат упатствата на локалните власти за цивилна заштита на малиот вулкански остров северно од Сицилија.
Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ) соопшти дека е забележана зголемена вулканска активност на планината Стромболи, активниот вулкан на островот. Лава и пепел се излеале од вулканот во морето, соопшти INGV.
На Стромболи живеат само неколку стотици луѓе. Бројни туристи доаѓаат на островот по морски пат од Италија или Сицилија со цел да се искачат на вулканот висок 920 метри.
Сè се случува откако вулканот Етна еруптираше на Сицилија, исфрлајќи лава и густ чад. Етна е еден од најактивните вулкани во светот, а особено е активен во близина на југоисточниот кратер. Тој е и најголемиот активен вулкан во Европа, висок околу 3300 метри.