#ЏЕТ-СЕТ
(ВИДЕО) По тридневна потрага, им влетал на прес-конференција организирана за неговото исчезнување
Пензиониран работник во бродоградилиште кампувал на отворено три дена и три ноќи откако се разделил од планинарот со кој бил заедно додека траело невреме.
Во џебот имал околу 20 фунти, јадел храна од кутија за итни случаи и во бурата ги изгубил очилата и компасот.
Но, фотограф го пронашол и веднаш го одвел до паб каде полицијата и неговите деца одржувале прес-конференција токму за неговото исчезнување.
Повеќе од 60 лица биле вклучени во огромна операција за пребарување со екипи за спасување на планини, полициски хеликоптер, кучиња специјални трагачи …
Пензионерот вели дека во еден момент видел хеликоптер, но дека не му паднало ни на памет дека го бара него. “Не се чувствував воопшто исплашено, знаев што да правам. Мојот најголем проблем беше што имав само 21,05 фунти и мислев дека не е доволно за да одам дома. Да знаев дека има толку врева, ќе тргнев дома “, рече тој на конференцијата.
Тој додаде дека ја повикал сопругата веднаш штом го спасиле, но дека тој прекинал пред таа да успее да му се налути.