Медиасет

(Видео) Почината девојка на која и се исполни желбата да ја запознае Тејлор Свифт: Нејзиниот татко објави потресна порака

Објавено на

Девојката која го создаде еден од најзабележителните моменти од австралиската турнеја на популарната пејачка Тејлор Свифт, почина само неколку недели по средбата со познатата ѕвезда.

Деветгодишното девојче Скарлет Оливер имала рак на мозокот.

Нејзиниот татко Пол ја објави тажната вест преку Инстаграм:

„Мојот ангел, толку силен, храбар и убав. Ништо никогаш нема да биде исто. Не ме заборавај и те молам најди начин да ме известиш дека си добро. Добра ноќ душо, те сакам. Тато. Едноставно не е фер“, се вели во објавата.

Нејзиниот момент со пејачката Тејлор Свифт стана вирален на социјалните мрежи кога заедно настапија на концерт во Сиднеј, а поп ѕвездата на крајот и подари капа пред да се гушнат.

Трендинг

Exit mobile version