Медиасет.мк

#ЖИВОТ

(ВИДЕО) Потресно: Дебарчанец со коронавирус раскажа за животот под маска, страв и претпазливост

Исни Телкиу од Дебар, е еден од пациентите заболени од коронавирус кои се лекуваат дома.

Тој за Алсат вели дека од моментот кога го добил резултатот дека е позитивен со Ковид-19, бил изолиран од неговата ќерка и неговата сопруга, кои не се заразени.

Веќе шест дена, тројцата членови на семејството Телкиу престојуваат во различни соби на куќата, затоа што, како што вели првиот човек на семејството, секоја негрижа може да го загрози животот на неговите најблиски.

Со храна ги снабдуваат членовите на семејството кои живеат близу нив.

„Им реков дека мора да бидам затворен во една соба и за јадење и пиење, да ми носат на врата. Контактите се минимални. Садовите ги оставам на врата и ги зема мојата сопруга. Садовите што ги користам јас се црвени, а другите ги користи ќерка ми и жената. Тие исто така се во само-изолација. Би ги советувал сите да бидат внимателни, тоа не е нешто со што можеме да си играме“.

Докторката Сефјане Ферати вели дека овие пациенти се лекуваат со терапија која се состои главно од витамини.

„Пациентот треба да биде сместен во специјална просторија која треба да се проветрува два до 3 пати на ден. Чаршафите треба да се менуваат секој ден и да се пеглаат. Маската мора да се менува на секои три часа. Членот кој го храни пациентот мора да има маска и ракавици, кои се менуваат секогаш кога служи. Кога пациентот се храни, другите членови на семејството мора да ја напуштат просторијата, која потоа мора да биде проветрена еден час “.

Од вкупниот број активни случаи, 86% од нив се лекуваат дома, бидејќи клиничката слика кај овие пациенти е полесна.

Извор: Алсат

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: