Медиасет.мк

#ФОКУС

Фудбалер од Интер ја плати операцијата на 26-годишна скопјанка

Фудбалерот од Интер, Марсело Брозовиќ, донираше 3.000 евра за 26-годишната Стаменка Менче Трповска од Македонија, која преку социјалните мрежи побара финансиска помош за операција на колковите.

Трповска се соочува со сериозни здравствени проблеми со колковите, а по првата успешна операција ѝ се појавиле нови компликации, па таа е повторно неподвижна. Таа финансиска помош за нова операција побара преку објава на социјалните мрежи, а нејзината објава ја пренесоа и навивачите на Интер од Балканот.

„Денеска, по само еден час од нашата објава во која ги молиме сите да ѝ помогнат на Менче, Марсело Брозовиќ ни се јави приватно и нè информираше дека го уплатил целиот износ за операцијата. Не знаеме како ова да го опишеме, нè преплавија емоциите, оставени сме без текст. Голем си Марсело, а тебе Стаменка ти ја посакуваме целата среќа на овој свет“, напишаа администраторите на Фејсбук групата „Inter Tifosi Balkan“.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: