Медиасет.мк

#ТРЕНД

ВИДЕО: Познатa новинарка се појави гола во јавувањето во живо на нејзиниот колега

Снимките на шпанскиот новинар Алфонсо Мерлос ги поплавија медиумите кога гола жена се појави среде јавувањето во живо од дома. Ама тоа не била неговата девојка, Марта Лопез,  туку неговата колешка, Алесија Ривас,  уредничка и новинарка во телевизијата каде заедно работат.

https://twitter.com/kr3at0r/status/1253644846751002624?ref_src=twsrc%5Etfw

Снимката наскоро стана вирална, ја пренесоа скоро сите светски медиуми и беше претставена со хумористичен тон, но сосема е јасно дека нема ништо смешно за Мерлос и Ривас во целата приказна. Најмалку се смееше неговата девојка Марта Лопез.

Новинарката пак ,  објави изјава до медиумите заканувајќи се со тужби.

– За жал, во последните неколку дена бев сведок на бројни напади, при што сум обвинета за неосновани обвиненија и лаги. Поради ова, јас сум крајно тажна и разочарана, и сум принудена да реагирам заради нарушување на приватноста и вознемирување – напиша Алесија, додавајќи дека таа ќе биде принудена да бара обештетување на суд.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: