Митко Јанчев го прослави својот роденден во весела атмосфера, а посебен момент беше кога музичарите кои претходно беа на „Макфест“ во преполниот клуб му ја запеаја роденденската песна.
Додека одекнуваше „Среќен роденден“, Јанчев беше во центарот на вниманието, а присутните се приклучија на заедничката честитка.
Роденденската атмосфера ја одбележа забавата во текот на вчерашната вечер.