#ЏЕТ-СЕТ
ВИДЕО: Преспав вонредна епизода “КОВИД еден без дваесет”
Тимот на „Преспав“ за време на епидемијата со коронавирус, сними уште една „вонредна епизода“. Името на оваа „вонредна епизода“ која ќе биде емитувана во недела на МТВ во 20 и 15 часот е „КОВИД еден без дваесет”.
„Епизодата се реализираше од 21.04.2020 до 24.04.2020 во студијата на МРТ, при што покрај стандардите за продукција на ТВ програма во услови на пандемија, преземени беа дополнителни мерки за заштита на сите вклучени во продукцијата, според препораките на СЗО.
Целиот тим работеше на епизодата волонтерски и доброволно, а средствата собрани од маркетинг пораките во епизодата ќе бидат уплатени на сметката на Фондот за борба против COVID-19.
Му се заблагодарувам на тимот кој работеше напорно изминативе денови за да се случи Преспав „КОВИД еден без дваесет” на спонзорите и пријателите на „Преспав”, на вработените во МРТ и секако на нашите најблиски за безрезервната поддршка.
На заболените од COVID-19 им посакувам побрзо оздравување, а на сите други дa ги почитувате препораките на здравствените работници и СЗО“, информираше Пеце Талески, продуцент на „Преспав”, информираше Пеце Талески, продуцент на „Преспав”