Медиасет.мк

#ТРЕНД

(Видео) Принцот Хари ќе присуствува на погребот на својот дедо во цивилна облека


По веста за смртта на принцот Филип, војводата од Единбург, светските медиуми објавија многу фотографии и стории во текот на годините.

Принцот Филип, сопруг на кралицата Елизабета, почина во замокот Виндзор во петокот на 99-годишна возраст.

Една фотографија, широко споделена изминатиов викенд, го покажува војводата од Единбург додека чекори со принцот Хари, принцот Вилијам, нивниот татко, принцот Чарлс, и нивниот вујко, ерл Спенсер, на погребот на принцезата Дијана.

Принцезата Дијана загина во сообраќајна несреќа во Париз во август 1997 година. Во тоа време принцот Вилијам имаше 15 години, а принцот Хари 12.

Некои медиуми објавија дека одлуката да им се дозволи на принцовите Вилијам и Хари да го придружуваат нејзиниот ковчег од палатата Кенсингтон до опатијата во Вестминстер во тоа време била контроверзна.

Принцот Вилијам во документарниот филм Diana: 7 Days That Shook the Windsors (2017) рече дека тоа било одлука на семејството.

„Тоа не беше лесна одлука и тоа беше еден вид колективна одлука на семејството да го сториме тоа… постои таа рамнотежа помеѓу должноста и семејството и тоа е она што моравме да го направиме“, рече тој, како што наведува Би-би-си.

„Ивнинг стандард“ објави дека принцот Филип бил загрижен за своите внуци и бил многу отворен во тоа време во врска со улогата во погребната поворка.

Поранешен шеф на владината канцеларија за односи со јавноста изјави за „Ивнинг стандард“дека вечерта пред погребот принцот Филип им рекол на своите внуци: „Ќе чекорам со вас“.

Момчињата одеа зад ковчегот со својот татко, принцот Чарлс, и вујко им, ерл Спенсер, а со нив беше и дедо им, принцот Филип.



На почеток
error: