Евровизискиот претставник на Македонија, Васил Гарваниел го промовираше видео-спотот за песната „Here I Stand“ со која ќе настапи на годинашниот Евросонг во Ротердам, Холандија.
https://youtu.be/HbXczPgRI7Y
Васил е автор на музиката и текстот, а аранжманот и продукцијата се на Борче Кузмановски и Давор Јордановски. Придружните вокали се снимени во Чикаго, а ги пеат некогашни членови на Детскиот хор на Чикаго во кој пеел Васил кога како дете живеел во Америка.
Тој за медиумите изјави дека е горд што ќе ја претставува Македонија со оваа композиција. Гарванлиев посочува дека песната го отсликува него и неговата животна приказна, а верува дека ќе допре до сите кои минале низ трнлив пат и воделе тешки битки.
За евровизиската песна е снимен и спот на повеќе локации, а го отсликува го процесот на снимањето на песната во студиото FAMES, дел од сцените се снимани во Даут Пашин Амам во Скопје, има и кадри од Културниот Центар во Чикаго, каде Васил поминувал многу време со Детскиот Хор од Чикаго.
Гарванлиев по вторпат ја претставува Македонија на Евровизија.