Американските медиуми пренесуваат дека е пукано на куќата на Ријана во Беверли Хилс.Полициските службеници од полициската управа на Лос Анџелес реагирале на пријави за пукање во неделата и соопштиле дека осомничената е приведена.Медиумите објавија слики од капијата на куќата на Ријана која е со дупки од куршуми. На местото на настанот биле пронајдени чаури од автоматска пушка, а медиумите покажаа и дупки во оградата и фасадата на вилата.Според извор од полицијата, за време на пукањето еден од најмалку 10 куршуми го пробил ѕидот на куќата. Ријана сè уште не се огласила по повод инцидентот.Извор од полицијата потврди дека Ријана била во вилата во моментот на нападот, но никој не е повреден. Осомничената, жена во своите триесетти години, била во автомобил кога испукала седум куршуми пред да побегне со голема брзина.Жената (30), која пукала од автоматска пушка, брзо е фатена и приведена.Ова не е првпат добитничката на Греми награда да се соочи со заканувачки инциденти во својот дом. Во 2018 година, 27-годишен маж упаднал во нејзината куќа во Холивуд Хилс, прескокнувајќи ја оградата. Тогаш Ријана не била дома, а извршителот, идентификуван како Едуард Леон, поминал 12 часа внатре пред да биде откриен од нејзиниот асистент.Леон (27) е обвинет за прогонство на музичката ѕвезда и му е одредена забрана за приближување до Ријана од 10 години.
