#ЏЕТ-СЕТ
ВИДЕО: „Пустите ме да га видим“ од Цеца ечи во затворот во Битола
Вработена во затворот во Битола, извесна Елена Кромидаровска, на социјалната мрежа Тик-Ток објави видео со фотографии на кои се гледа како позира во службените простории.
Во позадина на краткото видео оди песната „Пустите ме да га видим“ од Цеца Ражнатовиќ, а вработената во битолскиот затвор со заштитна маска на устата се држи за решетките железна врата.