Во една од последните епизоди на емисијата „Нешто конкретно“ гостуваа еден од најпознатите македонски парови, Сања Ристиќ и Перо Антиќ, кои отворено разговараа за односите, самодовербата и перцепцијата на луѓето во јавноста.Сања низ смеа призна дека на почетокот на нивната врска Перо бил вистински алфа мажјак, но дека со текот на времето „омекнал“. На тоа Антиќ одговори со доза хумор.„Е, кој се разбрал со жена – најдобро е само да си климаш со главата“, рече тој.Ристиќ додаде дека секогаш е подготвена да го брани својот став, алудирајќи и на ситуацијата кога јавно застана во одбрана на Перо на социјалните мрежи, во период кога тој беше мета на критики.Во емисијата гостуваше и Марија Васиќ, која во 2003 година ја понесе титулата Мис на Македонија, а денес работи како доктор анестезиолог. На прашањето дали титулата за убавина и скромноста можат да одат заедно, таа истакна дека јавната експонираност не значи дека човек не е скромен.„Скромноста не се покажува со тоа колку се експонираш, туку со постапките“, изјави Васиќ.Говорејќи за скромноста, Сања Ристиќ се наврати и на периодот кога како дете беше исклучително популарна со песната „Ех, тој Тоше“. Таа откри дека во нејзиното воспитување скромноста не била нагласена, туку сè требало да биде по последна мода или специјално дизајнирано за неа.„Не сум скромна ни сега и сакам да живеам убаво од својот труд“, заклучи таа.Во дебатата се приклучи и тату-мајсторот Горан Микиќ, на кого ова му беше прво јавно појавување по победата над ракот на тироидната жлезда. Расположен и насмеан, тој откри дека на почетокот неговиот татко, познатиот естраден новинар Дуле Микиќ, често му замерувал што избрал да биде тату-мајстор, поради стереотипите дека тетоважи прават „наркомани или криминалци“.Микиќ откри и дека токму Перо Антиќ одиграл важна улога во неговата кариера, по што неговата работа почнала да оди во нагорна линија.Антиќ пак зборуваше и за односот со својот татко, откривајќи дека тој присуствувал на само девет негови натпревари. Интересен момент, како што раскажа, бил кога започнал да игра кошарка, а татко му воопшто не знаел за тоа.„Тренерот случајно ме препозна по презимето и му се јавил на татко ми. А тој му рекол: ако го бива – добро, ако не – праќај го дома“, раскажа Антиќ, додавајќи дека критичкиот однос на татко му всушност го зајакнал.Централна тема на епизодата беше прашањето од каде доаѓа самодовербата кај луѓето, особено кога таа не е поткрепена со реални резултати. Гостите се согласија дека тоа често започнува уште во семејството, кога родителите нереално ги бодрат децата и постојано им повторуваат дека се најдобри во сè.Според нив, и современото општество дополнително ги поттикнува ваквите појави, па не е реткост луѓе со силна самоувереност, но без реално покритие, да дојдат до позиции на моќ и да се однесуваат како да се семоќни.На крајот од емисијата, Перо Антиќ доби интересно прашање – дали е потребна поголема самодоверба за шут во последната секунда од натпревар или за да побараш девојка за жена.
