#ОХРИД
(ВИДЕО) Сакал да види како ќе му изгледа погребот, па платил работници да плачат за него
Миладин Јелиќ од Бања Лука стана хит на социјалните мрежи, откако се снимил како лежи на својот гроб. Тој сакал да види како тоа ќе изгледа и направил проба. Во видеото се слушаат луѓе кои плачат за него.
На видеото се гледа како тој легнува на своето гробно место, а на луѓето кои плачат им платил и по 50 евра. Јелиќ е познат како Маза и е сопственик на истоименото кафуле во Бања Лука.
Со ова видео ги изненадил сите пријатели, кои велат дека често знае да направи вакви работи и да ги насмее до солзи. За неговото кафуле, Јелиќ вели дека е многу познато во Бања Лука и дека кај него доаѓаат голем број естрадни ѕвезди, меѓу кои и Саша Матиќ.