Персоналот на Клиниката за детски болести во Скопје денес се збогуваше со Ајан, откако заврши неговото лекување. Како што е редот, секој што завршил со лекување на детската клиника, тропа на ѕвончето, а победата во борбата која ја издвојува, се поздравува со голем аплауз од целиот персонал.
„Овој свет постои оти низ него трчаат и растат децата. Конечно и Ајан истрча, со нетрпение ѕвонеше на ѕвончето колку што може посилно, да слушнат сите дека оздраве и дека победи и дека сега ништо нема да го сопре !
Браво Ајан !
* За Нова година Ајан на министерот Венко Филипче му шепна дека има само една желба – да си оди дома“, напишаа од Клиниката за детски болести.
https://www.facebook.com/detska.klinika.16/videos/203333181123979/