Медиасет
(Видео) Шок во Данска: Ериксен повторно колабираше среде натпревар, мечот прекинат
Пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина беше прекинат во 79. минута по драматични сцени на теренот, откако данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен ненадејно се сруши на тревникот.Инцидентот се случил при резултат 2:1 за Данска, по што главниот судија веднаш го прекинал натпреварот и дозволил медицинските екипи да интервенираат. Голема загриженост владеела на трибините и меѓу играчите додека лекарите му укажувале помош на искусниот играч од средниот ред.За среќа, по околу 15 минути неизвесност, Ериксен успеал да стане и да покаже дека е во стабилна состојба, што предизвикало олеснување кај присутните. Сепак, натпреварот во Оденсе не продолжил.Новиот инцидент повторно ги врати сеќавањата на Европското првенство во 2021 година, кога Ериксен колабираше за време на натпреварот меѓу Данска и Финска во Копенхаген и мораше итно да добие медицинска помош на теренот.По тогашниот настан му беше дијагностицирана срцева аномалија, но подоцна доби дозвола да ја продолжи професионалната кариера и успешно настапуваше на највисоко ниво.Најновиот колапс повторно ја вознемири фудбалската јавност и отвори нови прашања околу неговата здравствена состојба и иднината на неговата кариера.