Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ често нагласува колку е важна поддршката на неговото семејство и се труди секој слободен момент да го помине со нив. Новак изнајмил куќа во Лондон каде престојува со својот тим и семејството за време на Вимблдон.
Расположението е одлично, а за тоа најзаслужен е наследникот на Новак, Стефан.
Новак на социјалните мрежи објави видео кое ги насмеа неговите следбеници.
Стефан трпеливо чекаше неговиот татко Новак, Горан и Марк да ја склопат трамбулината. Додека се мачеа да ја завршат работата, нетрпеливиот Стефан во еден момент разочарано рече:
„Како не знаете да склопите трамболина, a играте на Вимблдон?“.
Прашањето на Стефан го насмеа Новак до солзи, а ни фановите не останаа рамнодушни.