Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

(ВИДЕО) Сирилик со одлична преработка на познатиот хит на Роберт Билбилов „Јас те губам“

Медиасет.мк
пред 5 години
IMG_6214

Познатото дуо „Сирилик“ (Cyrilic), браќата Андреј и Бојан, го преработи хитот на Роберт Билбилов од 2008 година, „Јас те губам“. Во новата верзија, вокалот е на Лина Пејовска. Музиката и текстот се на Роберт Билбилов, а видеото е изработено од 351Studio, во комплетна продукција на „Скај ај ентертејнмент“.

„’Јас те губам’ е песна создадена од чиста љубов кон македонските фанови и македонската музика. Оригиналната песна пред 13 години беше голем хит на овие простори и буди спомени од едно поинакво време на македонската сцена. Спакувана во модерен летен звук дефинитивно носи носталгија, но и свежина во македонскиот етер“, велат Сирилик.

Пред почетокот на пандемијата тие имаа одличен период со повеќе интернационални изданија, вклучувајќи ја соработката со Јова Радевска, но и последниот сингл со наслов Keep Fighting, кој има околу 350.000 стримувања на „Спотифај“, но и успеси на радијата ширум светот. Во тој период постојано настапуваа низ Македонија и во регионот, а имаа и впечатлив настап во Рим, Италија во клубот „Шаривари“. Момците беа резервирани и за настапи во Лондон и други европски градови, но тие не се реализираа поради пандемијата. Од друга страна, тоа им дозволи повеќе слободно време за продуцирање на нови матерјали во студио.

„Во текот на изминатата година навистина имавме доволно време да се посветиме на создавање  нова музика која што допрва ќе излегува. ‘Јас те губам’ е проект кој што го направивме буквално од љубов за фановите тука“, вели Андреј.

Тој и Бојан најавуваат нови интернационални проекти веќе од септември, со класичен модерен звук, но и мали примеси на автентичен ориентален звук. За нивната кариера се грижи „Скај ај ентертејмент“.

„Со голем интензитет се полни календарот со датуми за настапување. Ме радува што повторно сме со публиката и се забавуваме подобро од било кога“, додава Бојан и вели дека веќе работат на EP и на албум

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1i0ikdpkc4hlfD2mZnU

Наводна расправија во Холивуд: Кендал Џенер и Хејли Бибер не ја поднесуваат Сидни Свини

Сцена | пред 7 часа

media-library2s6kjmcmrrfa5Mf8Rxt

(Видео) Арина Сабаленка објави видео во црн костим за капење и привлече големо внимание

Сцена | пред 11 час

media-library4brjs2fjlur0fQ9Eki2

Шакира се расплака на сцената во Мадрид: „Поминав низ тешки моменти“

Сцена | пред 1 ден

media-libraryvkj72cof04062Uj89F1

Поскапува туристичката такса во Србија: Еве колку ќе се плаќа по ден

Патувања | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања