Медиасет
(Видео) Скандал во Рим, мечот прекинат: Демонстранти упаднаа на теренот, обезбедувањето ги однесе
Нов скандал во Рим, уште еден безбедносен неуспех и меч прекинат поради протести.
Натпреварот на Мастерсот во Рим помеѓу Сорана Кирсти и Медисон Кис беше прекинат поради упадот на демонстрантите на теренот.
Две лица упаднаа на теренот, фрлајќи конфети и скандирајќи, а обезбедувањето исклучително бавно реагираше.
На крајот буквално беа изнесени од теренот, но помина премногу време, па безбедноста на играчите беше загрозена.