Медиасет.мк

#ТРЕНД

ВИДЕО: Со текстот „Три невесте тикве брале“, Македонија ќе рока на Евровизија

Македонската народна песна „Три невесте тикве брале“ се слуша во текстот на евровизиската песна You на Васил Гарванлиев. Песната со која Македонија ќе настапи на Евросонг во Ротердам во мај беше промовирана вечерва. Таа е со брз, модерен ритам, со призвуци на аргентинско танго, и етно елементи вклучени во рефрените.

„Од 250 песни пристигнати на конкурсот на мене и на целиот евровизиски тим You ни се допадна од прва. И јас испратив неколку мои песни, но решив егото да го тргнам на страна и да го изберам она што е најдобро. Сакав да испеам моќна балада, ама сепак избравме брза песна која е покана за танц и која се надевам ќе допре до сите“, рече денеска Васил на прес-конференција на која новинарите ја преслушаа евровизиската песна и го гледаа спотот пред официјалната промоција.

Vasil – YOU – North Macedonia 🇲🇰 – Official Music Video – Eurovision 2020

Vasil will represent North Macedonia at the Eurovision Song Contest 2020 with the song YOU. – Read more about Vasil: https://eurovision.tv/participant/vasil …

Автор на музиката на песната е Невена Нешкоска, македонска композиторка и продуцентка која работи и живее во Чикаго. Таа е и автор на текстот, а го напиша заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска и колешката од „Беркли“, Алис Шредер. Продукцијата и аранжманот се на Невена, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски. Видеото го режираше Милена Витман, а продуцент на спотот е Јелмаз Дервиши.

Тимот на Васил откри дека на сцената со него најверојатно ќе има пет девојки, пратечки вокали.

„Од Васил допрва ќе се изненадувате. Со него снимивме во Холандија адреналинска разгледница за Македонија за да имаме уникатно претставување“, рече на Александра Јовановска, шефица на пресот.

Инаку, откако денес беше пуштен краток тизер од песната, таа на обожувалниците од претпоследно место, скокна за 26 места.

Васил Гарванлиев ќе пее на првата полуфинална вечер на 12 мај. Во првото полуфинале ќе пеат и претставниците на Белорусија, Литванија, Шведска, Словенија, Австралија, Ирска, Русија, Норвешка, Кипар, Хрватска, Азербејџан, Малта, Израел, Украина, Романија и Белгија.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: