Медиасет

(Видео) Спектакл за паметење: Лепа Брена го „запали“ Охрид со концерт каков што не се памети

Објавено на

Под отворено небо, со илјадници светла, моќен звук и публика што не престануваше да пее, Лепа Брена приреди вистински спектакл на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Брена, со сценска енергија каква што ретко се гледа и по четири децении на сцена, излезе пред публиката облечена во блескаво сребрено сценско издание, придружена од својот бенд.

Сцената беше спектакл сам по себе – со огромни LED екрани, танчери, специјални ефекти и динамично осветлување. Секој детаљ беше испланиран – од визуелизациите зад неа до кореографиите што ја следеа секоја песна.

Концертот го организираше „Балкан медиа“, а Брена најави дека до крајот на годината, доаѓа со концерт во Скопје.

Трендинг

Exit mobile version