По отворањето на границата на Црна Гора со Србија, Србите во се поголем број заминуваат на одмор на Јадранско море.
Но она што остави впечаток е пречекот на првите туристи од Србија кои од граѓаните на Црна Гора беа пречекани со знамиња и извици.
„Денес Црна Гора ги отвори своите граници со Србија, а браќата од Црна Гора ги поздравија своите браќа од Србија на овој начин“, се вели во коментарот на видеото.
Граѓаните на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово може да патуваат во Црна Гора со негативен ПЦР или серолошки тест.
https://www.facebook.com/hercegovac2019/videos/972167189967081/