Редок астрономски феномен познат како „Сина Месечина“ синоќа беше забележана над Москва, создавајќи впечатлива глетка која привлече големо внимание кај љубителите на астрономијата и фотографите.Полната Месечина се издигна над познатиот Живописен мост, еден од симболите на руската престолнина, а фотографиите и видеоснимките од настанот брзо се проширија на социјалните мрежи.И покрај името, „Сина Месечина“ не значи дека Месечината навистина има сина боја. Терминот најчесто се користи за дополнителна полна Месечина што се појавува во ист календарски месец, појава која се случува приближно еднаш на две до три години.Астрономите објаснуваат дека во исклучително ретки случаи Месечината може да добие синкаста нијанса поради специфични атмосферски услови, како големи шумски пожари или вулкански ерупции, но тоа не е случај со вообичаената календарска „Сина Месечина“.Големата полна Месечина над реката Москва и Живописниот мост создаде спектакуларен ноќен пејзаж, кој многумина го оценија како една од најубавите небесни глетки годинава.
