Медиасет
(Видео) Стигнува четвртиот дел од култната комедија „The Fockers“
Објавен е првиот трејлер за филмот „Focker-In-Law“, новото продолжение на една од најуспешните комични франшизи на сите времиња, кој уште на прв поглед јасно покажува: хаос, непријатни ситуации и семејни „тестови“ кои одат на ново ниво.Во центарот на приказната повторно се Грег Фокер (Бен Стилер) и неговиот незаборавен свекор Џек Бирнс (двојниот оскаровец Роберт Де Ниро). Овој пат работите стануваат уште покомплицирани.Во игра влегува нова генерација и нови односи, а со нив и сосема нови предизвици за веќе добро познатиот „круг на доверба“. Како шлаг на тортата, франшизата ѝ се придружува глобалната поп сензација и актерка Аријана Гранде. Покрај нив се враќа и омилената екипа: Овен Вилсон, Блијт Данер и Тери Поло — што гарантира препознатлива динамика која ја направи оваа франшиза глобален феномен.Она што „Фокерите“ отсекогаш ги издвојувало не е само хуморот, туку и прецизното доловување на универзалната вистина: запознавањето на семејството никогаш не е едноставно — а кога мислиш дека не може полошо, секогаш може.„Focker-In-Law“ оди чекор понатаму — истражува како изгледа кога генерациите се судираат, кога авторитетите се преиспитуваат и кога границите на приватност се бришат во ерата на нови односи и општествени норми.Филмот го потпишува Џон Хамбург, сценарист на сите претходни продолженија, кој овојпат ја презема и режисерската палка, што обезбедува континуитет на тонот и хуморот што публиката го очекува.