Медиасет
(Видео) Татко и син се шокирале од сцената додека се возеле на брод: Налетале на ајкула од осум метри
Таткото и синот Френк и Мајк Питен, кои летувале во гратчето Сцитуејт во САД, во понеделникот се возеле на брод кога под нив поминала голема бела ајкула.
И двајцата останале запрепастени, а неверојатниот момент го фатиле и со камера.
Во интервју за NBC 10 Boston, тие зборуваа за нивното искуство.
„Го погледнав Мајкл и реков: „Ова е еден од оние моменти што се случуваат еднаш во животот“, рече Френк.
Во интервјуто тие рекоа дека нивниот чамец бил нешто поголем од осум метри, а големата бела ајкула, која пливала до нив, била околу шест метри.
„Двајцата се согласивме дека тоа можеби е најдоброто нешто што некогаш сме го виделе“, рече Френк.