#ЏЕТ-СЕТ
ВИДЕО: Три риса „уловени“ на камера за 30 секунди во Мврово
Од Националниот парк Маврово на Фејсбук објавија видео на кое се гледа како за 30 секунди се појавуваат 3 риса.
-Имаме чест да бидеме сведоци на прво видео каде камерите “уловија” три риса за 30 секунди. Најверојатно се работи за една женка и два мажјаци. Овие единки не се следат по методот на телеметрија т.е немаат GPS околувратник Уживајте, напишаа на Фејсбук од Националниот парк Маврово.