Иако премиерно беше прикажан уште во 2005 година, филмот „The Interpreter“ овие денови повторно ја освојува публиката – моментално се наоѓа меѓу десетте најгледани наслови на Нетфликс.Станува збор за политички трилер кој гради тензија преку атмосфера, дијалог и психолошка игра меѓу ликовите. Приказната комбинира лични судбини со глобални политички интриги, создавајќи напната и неизвесна приказна која држи внимание до самиот крај.Заплетот ја следи Силвија Брум, преведувачка во Обединетите нации, која ја толкува Никол Кидман. Таа случајно слуша разговор кој укажува на план за атентат врз африкански лидер кој треба да се обрати во Њујорк.Од тој момент, нејзиниот живот се менува од корен – таа станува клучен сведок, но и потенцијална мета.Во приказната се вклучува и агентот на Тајната служба Тобин Келер, кого го игра Шон Пен. Неговата задача е да ја процени заканата и да ја заштити Силвија, но набрзо почнува да се сомнева во нејзините намери, бидејќи нејзиното минато крие тајни кои можат да ја променат истрагата.Како што се приближува пристигнувањето на претседателот и потенцијалниот напад, тензијата расте, а границата меѓу вистината и манипулацијата станува сè понејасна.Покрај главните улоги, во филмот се појавуваат и Кетрин Кинер, Јеспер Кристенсен, Иван Атал и Ерл Камерон.Филмот го режираше Сидни Полак, на кого ова му беше и последен игран проект. Неговиот препознатлив стил носи побавно, но внимателно градење на напнатост, со фокус на ликовите и политичката позадина на приказната.
