Видео од една туристка на Корчула предизвика бурни реакции на социјалните мрежи откако таа верската поворка ја нарече „собирање на култ“.Снимката за кратко време стана вирална на ТикТок, а нејзината објава предизвика жестока расправа меѓу корисниците.Сè се случило на 29 јули, додека туристката вечерала во ресторан покрај морето на Корчула во Хрватска, уживајќи во зајдисонцето и чаша вино. Сепак, мирната атмосфера ненадејно ја прекинала традиционална поворка која поминала низ тесната улица веднаш
