Актерската екипа на популарната серија „Емили во Париз“ ги сподели впечатоците од престојот на грчкиот остров Миконос, каде што се снима шестата и воедно последна сезона од хит-серијата на Нетфликс.Во видео објавено на Инстаграм од актерката Ешли Парк, која ја толкува улогата на Минди, можат да се видат Лили Колинс, Лукас Браво и други членови на актерската и продукциската екипа како уживаат во зајдисонцата, капењето во морето, пловењето со чамци и дегустацијата на традиционални грчки специјалитети.Миконос е една од главните локации во последната сезона на серијата. Снимањето се одвива на неколку препознатливи места на островот, како плажата Агиос Состис, улицата Матојанија и квартот Мала Венеција. Овие локации не се само сценографија за првите епизоди од новата сезона, туку се и дел од самата приказна.По завршувањето на снимањето на Миконос, продукцијата се пресели во Париз, градот во кој започна приказната на серијата во октомври 2020 година.
