Партиите започнаа со својата кампања за претстојните избори кои ќе се одржат на 15 јули. Но, ВМРО-ДПМНЕ наместо да направи реклама за својата партија, тие снимија реклама за космодиск. На видеото кое го објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, луѓето се наведнати надолу, како што вели тој со „свиткана кичма“, па тој им помага да се исправат.
Многумина се пошегуваа дека видеото е одлична реклама за космодиск, но и дека Мицкоски личи на исцелител.
https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/679211835990551/