Медиасет

(Видео) Во Белград започна Европското првенство во спортови на вода

Објавено на

Европското првенство во спортови на вода свечено беше отворено во Белград, а ќе трае до 23 јуни.

Натпреварувачите од повеќе од 40 земји ќе се натпреваруваат во четири дисциплини – пливање, уметничко пливање, нуркање и пливање на отворени води.

Европското првенство во српската престолнина е и последна шанса за пливачите да се пласираат на претстојните Олимписки игри во Париз.

Првиот ден го одбележаа спектакуларни настапи во синхронизирано пливање.

Трендинг

Exit mobile version