Медиасет
(Видео) „Во затвор едвај преживеав, на мајка ми и го должам животот“, Боки 13 слави роденден и најави проект „Автобиографија“
Бојан Јовановск-Боки 13, по пет години поминат зад решетки, денеска го слави 38-роденден. Тој објави видео од проектот кој го нарекува „Автобиографија“ во кое зборува за себе и изминатите години, но и за деновите во затвор.
„Што ми се случи во овие 38 години е приказна за себе. Многу болка, знаена и незнаена, тага.. Истовремено, љубов, радост, пријателства, непријателства, неверства, лицемерие. Е тоа е живот, тоа се овие 38 години. Во изминатите пет години додека бев во затвор, доживеав тортура, линч.. Едвај преживеав. Ме бодреше силата и непокорот на мојата мајка, на мајка ми и го должам мојот живот“, вели Бојан Јовановски-Боки 13 во видеото од проектот „Автобиографија“.
Тој додава: „Во овие 38 години видовте еден Бојан, ќе се потрудам во наредните да ме видите мене со нови сили“.