#ТРЕНД

(ВИДЕО) Воведоа карантински викенд, па избегаа од Скопје: Каде се нашите политичари?!

Објавено на

Многумина од граѓаните кои живеат во Скопје решија да го избегнат карантинскиот викенд во главниот град, па бројни возила во четвртокот се упатија кон туристичките и викенд-населбите.

Меѓу нив беа и политичарите кои решија да го искористат овој продолжен викенд и да го поминат или во родните градови или во природа.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, објави фотографија од Беровско езеро.

„Совет од другарка ми: Оди напред. Полека, но сигурно. Ви посакувам убав викенд и ве поздравувам од преубавото Беровско езеро“, напиша Николовски под фотографијата.

Претходно тој на фејсбук објави дека секој мора да ги почитува мерките, а исто така апелираше викендот сите да останат дома со своите семејства.

„Секој мора да ги почитува сите мерки – во целост. Тие се основна алатка за намалување на ширењето на заразата. Овој викенд сите да останеме дома со своите семејства. Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој“, стои во објавата.

Покрај генералниот секретар, и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, замина на продолжен викенд во Маврово, објави „ТВ24“.

Шилегов за „ТВ 24“ потврди дека е на својот имот во Маврово, кој го смета за свој дом.

Исто така и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, откри дека е во својот роден град Охрид, напоменувајќи дека нивната партија била против воведувањето на овој карантин.

Во Скопје има полициски час кој почна во четвртокот во 21 часот и ќе трае до понеделник до пет часот наутро.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version