#АМАЗОШТО
(ВИДЕО) Вучиќ ги убедува Србите да гласаат за него ветувајќи дека ќе можат да летуваат во Грција
Уште едно видео од изборната кампања на српскиот претседател Александар Вучиќ стана хит на социјалните мрежи.
Ова е само едно од низата на промотивни видеа, кое го насмеа Балканот.
Пораката на видео-спотот е: „Викенд во Грција? Да, возможно е!“
„За четири часа сме таму, ќе патуваме по автопат“, вели актерот во спотот, а актерката која глуми негова сопруга држи слика од Александар Вучиќ и на грчки вели „сагапо“, во превод „те сакам“.
Видеото не може да се прераскаже со зборови, треба да се погледне: