#ТРЕНД
ВИДЕО: Со трубачи Вучиќ и ќерка му ја славеа победата на изборите
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, заедно со неговата ќерка Милица со трубачи ја прославија победата на изборите.
Вучиќ по прес-конференцијата со новинарите, заедно со ќерка му Милица се упатија во просториите на Српската народна странка, каде што продолжило славењето.
На прославата била и премиерката на Србија, Ана Барнабиќ, како највисок функционер. Во седиштето на партијата во околу 22 часот дошле и трубачи да им ја честитаат победата на функционерите со песна. За потсетување, партијата СНС освои 63% од гласовите.