Медиасет
(Видео) Запален луксузниот автомобил на Бака Прасе вреден 500.000 евра
Луксузниот автомобил на српскиот јутјубер познат како Бака Прасе бил запален рано наутро пред зградата каде што живее.Станува збор за возило од марката „Брабус“, чија вредност се проценува на околу 500.000 евра.Според објавените информации, пожарот избувнал додека автомобилот бил паркиран пред неговиот дом. Случајот предизвикал големо внимание во јавноста, а настанот се случил во раните утрински часови.Јутјуберот се огласи по настанот и потврдил дека возилото е сериозно оштетено.„РИП Брабус, 2023 -2026“, напиша Бака Прасе на Инстаграм. Засега, точната причина зошто се случило тоа не е позната.Засега не се познати сите околности околу пожарот, а се очекува истрага за да се утврди дали станува збор за намерно подметнат пожар или несреќен случај.