На улиците на Загреб се случила несекојдневна пресметка на двајца возачи, која ќе добие и судски епилог.
Поради одземање на предност што предизвикало низа други несогласувања во сообраќајот, па на семафорот возачите на Опел Корса и Ауди влегле во судир.
Летале шлаканици и дошло до туркање, а сопатничката на Опелот со својот врисок и мавтајќи со рацете се обидувала да ги смири разгорените страсти на двајцата возачи.
Сето тоа се одвивало пред очите на другите возачи кои од редицата возила ја следеле тепачката, а некои од нив дури се обидувале да ги смират возачите.