Медиасет.мк

#ТРЕНД

Викторија Бекам доживеала спонтан абортус

Сопругата на популарниот фудбалер Дејвид Бекам, Викторија, во 2000 година имала спонтан абортус, пишува Woman’s Day Australia.

„Пред да го роди Ромео, Виткорија имаше спонтан абортус. Се случи тоа во десеттата недела од бременоста. Беше емоционално скршена. Но, доволно беше силна да не се откаже да има големо семејство. Дејвид исто така беше скршен. Се обидуваше да ѝ олесни колку што може. Ѝ ги исполнуваше сите желби и се грижеше да ѝ биде добро. Велеа дека светот на секоја двојка изградена на среќа во исчекување дете, по спонтан абортус, почнува да се руши и се претвора во болка“, одговорил неименуван извор близок до двојката.

Поранешната членка на британската музичка група „Спајс грлс“ и нејзиниот сопруг Дејвид Бекам, сега имаат четири деца. Тие ги имаат деветгодишната Харпер, 15-годишниот Круз, 18-годишниот Ромео и 21-годишниот Бруклин.

На почеток
error: