Медиасет.мк

#ТРЕНД

Викторија Бекам моќна и женствена во црн класичен костум


Џенифер Анистон го спомна поранешниот сопруг Бред Пит во ново интервју во вторникот, два дена пред повторната средба на „Пријатели“.

52-годишната актерка, заедно со другите две пријателки од серијата, Лиза Кудроу и Кортни Кокс, се присетуваа на сите гости sвезди кои накусо се појавија во текот на 10-те сезони.

На прашањето од Access Hollywood кој од гостувачките ѕвезди во култната серија им е омилен, трите наведоа неколку познати имиња, вклучувајќи ги ТомСелек, Чарли Шин, Пол Рад, Рис Витерспун, Бен Стилер и Шон Пен.

А Џенифер рече: „Господин Пит беше прекрасен, тој беше фантастичен,“ на што се согласи Лиза.

Актерката беше во брак со Бред од 2000 до 2005 година.

Една година откако се венчаа, Бред глумеше во епизодата за Денот на благодарноста во осмата сезона на серијата. Тој го глумеше Вил, школски другар на Рос, кој не ѝ бил наклонет на Рејчел (Анистон) по завршувањето на средното училиште.



На почеток
error: