Во деновите со високи температури, климатизерите се меѓу најголемите потрошувачи на електрична енергија во домаќинствата. Експертите советуваат дека со неколку едноставни навики може да се намали потрошувачката, а притоа просторот да остане пријатно разладен.Според сервисерите за климатизација, климата е најдобро да биде поставена на температура од 25 до 26 степени. Додека престојувате во просторијата, може да работи континуирано, но кога подолго време нема никој дома, препорачливо е да се исклу
