Медиасет
Високи температури, ниски сметки: Како правилно да ја користите климата
Во деновите со високи температури, климатизерите се меѓу најголемите потрошувачи на електрична енергија во домаќинствата. Експертите советуваат дека со неколку едноставни навики може да се намали потрошувачката, а притоа просторот да остане пријатно разладен.Според сервисерите за климатизација, климата е најдобро да биде поставена на температура од 25 до 26 степени. Додека престојувате во просторијата, може да работи континуирано, но кога подолго време нема никој дома, препорачливо е да се исклу