Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Високите температури можат да ја намалат ефикасноста на лековите: Еве како правилно да ги чувате

Медиасет.мк
пред 4 месеци
biloski-lekovi

Високите летни температури можат значително да влијаат врз ефикасноста и безбедноста на лековите, предупредува доцентот на Катедрата за фармакологија при Институтот за физика и математика на рускиот универзитет, Денис Борозденко.

Според него, температурите повисоки од 25 Целзиусови степени и директната изложеност на сонце претставуваат сериозен ризик за лековите, бидејќи повеќето медикаменти се тестираат за стабилност на температури до 25 степени пред да бидат пуштени во продажба.

„Летните горештини се сериозен предизвик за домашната аптека. Над оваа температура никој не може да гарантира дека лекот ќе остане подеднакво ефикасен и безбеден“, изјавил Борозденко, пренесува руската агенција ТАСС.

Тој објаснува дека оптималната температура за чување на повеќето таблети и капсули е меѓу 15 и 25 Целзиусови степени. Најдобро е лековите да се чуваат во затворен шкаф, по можност на северната страна од домот и надвор од дофат на деца.

Доколку во домот нема постојано разладување со клима-уред, експертот советува домашната аптека да се чува во фрижидер.

„Не ги чувајте лековите во поединечни блистери. Подобро е да останат во оригиналното пакување заедно со упатството“, посочува тој.

Борозденко предупредува дека е строго забрането лековите да се оставаат на прозорец, во кујна, во близина на шпорет, рерна или микробранова печка, како и во автомобил, каде што температурите можат нагло да се зголемат.

Исто така, не се препорачува нивно чување во бања или на места со висока влажност.

Непочитувањето на условите за складирање може да доведе до губење на ефикасноста на лековите, но и до зголемен ризик од развој на бактерии.

Како пример, експертот наведува дека антибиотикот амоксицилин може да стане помалку ефикасен и потенцијално потоксичен поради разградување на активната состојка. Дополнително, нитроглицеринот може да ја изгуби својата ефикасност по само еден час изложеност на температура повисока од 40 Целзиусови степени, што во критични ситуации може да биде опасно по живот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysargecj29ihp1t5oOX7

(Видео) Трамп и Меланија им делеа слатки на децата за Ноќта на вештерките во Белата куќа

Вирално | пред 12 часа

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 2 дена

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 3 дена

media-library1oht0fne3e5m6tNyxPs

Три хороскопски знаци кои секогаш препознаваат добра можност за заработка

Вирално | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања