Медиасет.мк

#ЖИВОТ

Вистинската личност никогаш нема да дозволи да поминуваш низ пекол

Никогаш намерно не би повредиле некого кого го сакате. Зарем не? Сепак забораваме дека некој навистина нѐ сака никогаш не би ни нанел толку болка што би се чувствувале како да минуваме низ пеколот. Некој кој ве сака никогаш не би правел да се трудите од петни жили само за да ја преживеете врската. Никогаш не би направиле да се сомневате во себеси или да се чувствувате дека не вредите. Никој не треба да се чувствува дека оди со глава во ѕид само затоа што дава сѐ од себе, а другата страна ни најмалку не се труди.

Љубовта не треба да направи да страдате. Не треба да се давите во солзи. Љубовта не треба да биде толку тешка. Барем не со вистинската личност. Кога сте со вистинската личност, сигурно е дека ќе имате проблеми и дека нема сѐ да биде розово. Но, тие никогаш нема да ве навредуваат, тие нема да си играат со вашиот мозок и вашето срце. Тие заедно со вас ќе се соочуваат со работите. Ќе разговараат со вас сѐ додека не го решите проблемот.

Ниту вие, а ниту тие се совршени. И двајцата ќе правите грешки, тоа е природно и нормално. Но, разликата е во тоа што со вистинската личност ќе наоѓате решенија, ќе си простувате и ќе се разбирате и ќе правите компромиси. И сѐ затоа што вашата љубов е помоќна од кој и да било проблем.

Кога сте со вистинската личност, ќе се чувствувате како да живеете во рај. Тие ќе ја зголемуваат вашата среќа и секогаш ќе ви го чуваат грбот. Тие ќе бидат покрај вас. Тие ќе ви покажат како треба да изгледа љубовта. И никогаш не би ве промениле.

Тие ќе најдат време за вас. Тие ги сакаат вашите прегратки, вашите бакнежи и нежности. Тие сакаат да зборуваат со вас и да заспијат во вашата прегратка. Тие ќе сакаат да направат сѐ за да бидете среќни.

Кога ќе бидете сакани како што треба, ќе се чувствувате инспирирани и конечно ќе сфатите дека може да направите сѐ што ќе посакате. Кога ќе бидете сакани на правилниот начин, ќе станете најдобра верзија од себеси. Конечно ќе сфатите дека љубовта не е постојано грижење и нервирање. Љубовта не се неодговорени пораки и стравот од изневерување.

Љубовта значи да се чувствуваш безбедно во рацете на вистинската личност. Љубовта значи почесто да бидете среќни отколку тажни. Љубовта значи да дишете лесно затоа што во вашиот живот нема простор за драма и емоционален хаос.

Вистинската личност ќе ви покаже колку убава може да биде љубовта и колку лесно може да бидете среќни…

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: