Медиасет.мк

#КИНО

Одредена улогата на Бејл во новото продолжение на Тор

Кристијан Бејл, ќе глуми негативец во новиот филм за богот на грмотевиците „Тор: Љубов и грмотевица“. Новиот филм на Марвел ќе го режира оскаровецот Таика Ваитити.

Ликот на негативецот во Тор уште нема име. Ова го откри актерката Теса Томпсон, која во овој серијал ја игра улогата на Валкира.

„Кристијан Бејл ќе биде нашиот негативец, што ќе биде фантастично. Го прочитав сценариото, но не можам да откријам многу“, рекла Томпсон.

Во четвртиот дел, што ќе има премиера во ноември догодина, Тор ќе биде претставен како женско, а на ланскиот фестивал „Комик кон“ во Сан Диего, кога чеканот Мјолнир ѝ беше предаден на Натали Портман. Таа во првите два дела ја играше Џејн Фостер.

„Новиот филм ќе биде уште полуд и уште поголема авантура од претходниот“, додаде Ваитити.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: