#ФОКУС
Влада: Методологијата за спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 е согласно стандардите на Обединетите Нации и Евростат
Врз основа на Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, а со цел единствена примена на методолошките основи при попишувањето, директорот на Државниот завод за статистика ја објави Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година.
Методологијата има за цел обезбедување единствени принципи за организирање на попишувањето и единствена примена на методолошките основи при попишувањето и е наменета за сите учесници во пописот утврдени со Законот за попис, но и за сите корисници на резултатите од пописот.